По песната и спотот за „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, фолк пејачот Јордан Митев деновиве го промовира својот нов сингл насловен „Да се живи и здрави младожениците“.
На интернет каналот Јутјуб засега е достапна само аудио верзијата, а Митев повторно е комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот.
Митев се инспирирал од свадбата на негов другар каде тој бил кум по што не му требало многу време за да ја создаде.
Песната е испеана за младоженците, а пејачот се надева дека токму во свадбениот период ќе се пее на многу свадби.
Инаку, продукцијата е на Љупчо Павловски, а е снимена во студио „Анастасија“, како и неговите претходни песни.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.