Радио Милева

Кралски апартман: Лепа Брена и Бобо платиле огрмна сума за луксузен стан во Будва

Кралски апартман: Лепа Брена и Бобо платиле огрмна сума за луксузен стан во Будва

Лепа Брена и сопругот Боба секое лето поминуваат по два месеци на Црногорското приморје каде што имаат и сопствена јахта.

Со оглед на тоа што спијат по хотели, Брена и Бобо сега одлучиле да купат недвижен имот на море, а го носи името „кралски апартман“, пишува курир.рс

Овој имот се наоѓа во самиот центар на градот, од каде има поглед на море и Стариот град.  Токму ова локација им се допаднала на популарниот пар, Брена и Бобо одлучиле да купат таму стан.

фото: Принтскрин/инстаграм/лепабрена

Ова е една од најскапите локации во Црна Гора, а еден квадрат чини 4 000 евра.

Брена и Бобо кријат дека поседуваат имот во Будва бидејќи не сакат многу да се фалат.

„Брена во последно време трпи голем притисок од јавноста, се појавуваат разни приказни за нејзините финансии, но таа не се нервира околу тоа. Ја знае вистината и не сака да се занимава со демантирања. Токму поради таа причина не сака да открива на што ги троши парите, а никако не и оди во прилог да се дознае дека купила стан во Будва и тоа на една од најскапите локации“ вели извор за „Курир“.

фото: принсткрин

За потсетување, неодамна во медиумите се појавија вести дека Брена ја продава и својата луксузна вила на Бежаниска коса.

To top