Радио Милева

Се огласи Карлеуша: „Боки не ми должи ниту денар“

Се огласи Карлеуша: „Боки не ми должи ниту денар“

По написите во српските медиуми дека Боки 13 влегол во рекет меѓудругото и за да и врати долгови на Јелена Карлеуша, од која наводно позајмувал поголеми суми пари, се огласи српската фолк дива.

„Информациите што ги прочитавте во српските медиуми се апсолутна груба лага. Бојан никогаш од мене не позајмил пари. Никогаш ништо не ми должел, ниту имам сознанија дека му е должен некому во Србија. Сè што можам да кажам за Бојан е дека отсекогаш самиот си плаќал сè, никогаш никој не му го платил дури ни ручекот“, демантира Карлеуша, а нејзиниот демант го пренесе македонскиот портал „Репортер“.

Пејачката тврди дека Боки 13 е само жртвено јагне на многу посериозна група луѓе и се надева дека ќе има фер судење.

To top