Да се има хитови кои без оглед на поминатото време се уште ја имаат својата актуелност, публиката ги слуша и пее од стих до стих, е најдолемото задоволство за еден пејач.
И не само она старото, туку уште поголема сатисфакција е кога и новопродуцираното го знае ама баш секој.
Со ова без никаква резерва може да се пофали нашата поп пејачка Елена Ристеска која претстојниот викенд, односно во сабота по подолго време ја чека еден голем ден – концертот во Струмица и тоа со бенд во живо.
Струмичани, а и оние што ќе допатуваат дотаму и секако ќе резервираат место за себе, ќе бидат сведоци на едно музичко шоу кое Елена го подготвува деновиве.
Пред публиката таа заедно со група музичари ќе ги отпее своите постари, но и понови песни. Сигурно е дека емоците од сцена ќе бидат успешно пренесени до увото на обожавателите, но и нивните срца.
Не мора да бидете од Стумица за да бидете дел од овој настан. Се уште има време да испланирате еден несокојдневен викенд и вечерно излегување од кое ќе се наполните со позитивна енергија од квалитетно отсвирена музика и совршено вокално разгалување за сите сетила.