Андреј Трајковски – Тракер го претстави видеото за својот нов сингл насловен „Неволја“, кој уште на прво слушање ветува, претендирајќи да биде летен хит.
Уште при првото промовирање во етерот, за помалку од 24 часа видеото собра над 30 илјади прегледи на Јутјуб што е добар знак и предуслов за успех.
Станува збор за авторско дело на самиот Тракер, а аранжманот, миксот, мастерингот и продукцијата се на Иван Јованов – Ивајо, додека видеото го реализираше екипата на продукцијата „Год-ај“ (GodEye Production), под режисерската палка на Гордан Божиновски.
„Мене ми е повеќе од јасно, јас дадов сè, а барав малку време, но веќе е касно. Не играш фер, а иста си ко мене, тоа ми е јасно. Сега како да те преболам? Знаев дека си неволја, не неволја“- пее музичарот во новата песна, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение.