Радио Милева

Поранешниот сопруг на Гоца Тржан по две години ги подмири сметките со пејачката, а сега бара и да ја види ќерката

Поранешниот сопруг на Гоца Тржан по две години ги подмири сметките со пејачката, а сега бара и да ја види ќерката

Пејачката Гоца Тржан пред некое време поднесе тужба протви нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ кој не сакал да ја плаќа алиментацијата за ќерката.

Како што пренесува курир.рс, Маринковиќ ги подмирил сметките и ја платил алиментацијата во вредност од 200 000 денари.

Според тврдењата на адвокатот на Гоца, на Иван му се заканувала казна затвор бидејќи двпати бил условно казнен за неплаќање на алиментација.

фото: Принтскрин/инстаграм

Меѓутоа,Иван успеал да ја избегне казната затвор така што пред два дена го платил долгот.

Неговиот адвокат за курир исткана дека Маринковиќ ќе продолжи да ја плаќа алиментацијата и дека бара да го види своето дете.

фото: приватна архива

„Судењето е одложено за септември, но нема потреба да се одржи бидејќи Иван ги подмири обврските. Се обидуваме да се договориме со Гоца да нема вакви тужби бидејки во иднина Иван ќе ја плаќа алиментацијата, а ако има проблеми ќе ги решиме на мирен пат. Нема потреба да се удира по него во медиумите. Човекот немаше пари, а кога заработи ги плати обврските. Па, секоја втора жена треба да го тужи мажот поради алиментација, тоа не е во ред. Исто така, бараме Иван да може да го гледа детото. Гоца не даваше да го гледа детето бидејќи тој не плаќаше алиментација, според мене тоа е уцена. Еве сега плати и веќе нема изговор“ вели адвокатот.

Освен овој спор, меѓу Иван и Гоца се води уште еден спор за стан во Миријев, а ова планират да го решат по мирен пат.

To top