Познатата пејачка Александра Пријовиќ се врати на сцената со хитот „Богата сиротиња“ и вредно работи на нов албум, па за српски Стори.рс ни открива како успеа да ги балансира своите обврски со семејниот живот, што се промени засекогаш откако го доби синот Александар во месец март…
Стори.рс : Колку брзо поминаа првите пет месеци од раѓањето на Александар и која е најважната работа што сте ја научиле за родителството за ова кратко време?
Ми се чини дека помина за миг. Александар расте секој ден и учи нешто ново. Што повеќе расте, толку повеќе разбира. По неговото пристигнување, научив дека има љубов без граници, најискрена, најдлабока и најчиста. Тоа му даде на мојот живот ново значење.
Стори.рс: Кој заклучок го извлекувате од досегашното искуство и како можете да го балансирате животот на ѕвезда и мајка?
Заклучокот е дека сè може да се направи кога имате здраво семејство, кога имате поддршка од сите, кога ја сакате својата работа. Тогаш не е тешко да успеете во се. Имаше денови и ноќи кога плачев затоа што не бев до Александар, но тоа само ме направи посилна, открива пејачката за Стори.рс