Поранешната манекенка и некогашна учесничка во реалното шоу „Преживеан“, и танцовото шоу „Танц со ѕвездите“, Александра Накова, имаше убав повод за славење.
Имено, таа во еден ресторан на отворено покрај базен го прослави својот јубилеен 30-ти роденден.
Без многу помпа и луксуз, а во друштво на најблиските пријателки, Накова ја дувна едната свеќичка на малата, но сигурно слатка торта.
По повод роденденот славеничката како што е ред за неа, се одлучила да облече бела и сензуална комбинација со ултра длабоко и провокативно деколте.
Моментите од забавата ги објави со неколку фотографии на својот Инстаграм профил, каде освен честитките доби и лавина од коменари на сметка на изгледот.
Инаку, Накова пред четири години во бракот со Никола Гајдаџиев кој траеше кратко, ја доби ќеркичката Леа.