Војвотката од Сасекс Меган Маркл денес го слави својот 38-ти роденден, а овој ден ќе се слави скромно.
Меган Маркл, како што јавуваат странските медиуми, решила да го прослави својот 38-ти роденден без многу помпа.
Бидејќи многу работи во последно време, решила да го одбележи овој ден со семејството, без да организира голема прослава. Тоа и била единствената желба – да биде со нејзините најблиски.
Меган неодамна се посвети на хуманитарни кампањи и пишување за британскиот Вог, каде што гостува-уредува во септемвриското издание и на насловната страница ќе прикаже 15 моќни и инспиративни жени.
Уште откако беше откриено во 2016 година дека е во врска со Хари, Меган не се спушти од насловните страни на сите светски медиуми, со оглед дека таа има бурно минато.
Поранешната актерка веќе има еден брак зад себе, серија скандали во семејството, а турбуленциите во нејзиниот живот продолжија кога се омажи за принцот.
Имено, Меган често ги крши кралските правила и протоколи, поради што таа е постојано во центарот на вниманието.
Меган и Хари се венчаа во мај 2018 година, а во мај 2019 година го добија синот Арчи.