Македонската фолк дива Сузана Гавазова со нова провокација. Овој пат два куси видео клипа од снимањето на спотот за песната „Опасна“, која ја изведе заедно со Џамбо Агушев и неговиот оркестар на последниот Фолк фест „Роса 2017“ кон крајот на минатата година.
И овој пат сексапилната струмичанка е навистина опасна… за око, ама и за оние со слабо срце!
Провокативна до болка, пејачката со „cat walk“ во високи потпетици, облечена во црна макси мантил-кошула со модерен колан околу струкот, долги нозе и мрежести чорапи и… уште нешто црно меѓу нив, што одзема здив.
Црно боди чии рабови се врежале високо до препони, па со секој чекор згодната фолкерка, мами воздишки и ја буди машката фантазија.
Очигледно македонската фолк дива уште еднаш се сетила, како да (Ви) ги разбуди сите сетила!