Мегафон

9 години – Музика 24 (ВИДЕО)

9 години – Музика 24 (ВИДЕО)

Драги читатели, пријатели и соработници. Денес славиме 9 години од појавувањето на muzika24.mk во македонскиот медиумски простор на 1-ви декември 2011 година. Изминативе 9 години нашата сцена, земјава но и целиот свет поминуваше низ убави и помалку убави периоди но музиката остана наш верен придружник.

Овие 9 години се држвеме до целта која си ја поставивме во 2011 година, да се следи пред се македонската музичка сцена и се она што е актуелно или надежно, но истовремено и да се негуваат потврдените вредности преку кои не препознаваат насекде во светот. Следејќи ги импулсите на современото времетечение се прошири концептуалната потреба и Музика24 стана портал кој со ист интензитет ги информираше своите читатели за балканската, но и светска музичка сцена селектирајќи ги информациите според актуелноста и барањата на својата читателска публика која недвосмислено ја координираше атрактивноста на самиот портал.

Нашиот млад тим на новинари не го одликува квантитетот туку квалитетот. Работиме посветено, со страст и ентузијазам. Изминативе 9 години напишавме над 6.000 вести и следевме 100-тина јавни настани во земјата и регионот следејќи ги од прв ред и информирајќи ја својата публика навремено и точно.

Музика24 својата релевантност ја потврдува со соработката со водечките брендови на ивент индустрија како Авалон продукција, Пасворд продукција, Прагма продукција итн. Изминативе 9 години остваривме медиумското покровителство на повеќе музички настани како што се MAC Awards, Пиво фест, Пирин фолк фест, Охрид Фест, Макфест , Битола Отворен Град, Фестивал на музика од светот итн.

Оваа година во согласност со приликите, го одбележуваме нашиот роденден виртуелно со видео. Во изминативе 9 години стекнавме многу пријатели и соработници на културната сцена, во музичката и ивент индустријата. Пристигнаа многу честитки за нашиот роденден, a дел од ги собравме во видео со кое симболично го одбележуваме 9-тиот роденден. Голема благодарност до нашите драги музички пријатели: Сара Мејс, Филип Василевски, DJ Галоски, Стојне Николовска, Душко Георгиевски, Александар Темелков, Марио Арангеловски, Јован Јованов, Адријана Алачки, Елена Андоновска, Пепа Димитрова, Симеон Коруноски, Горан Милошески, Ѓоко Ѓорчев, Илија Гојовиќ, Таско и Радио Холидеј – Прилеп. Секогаш тука за нас се и колегите новинари и водители Валентина Ѓоргиевска – Парго, Тања Атанасовска – Бумбар, Билјана Крнческа итн. Да се надеваме дека јубилејниот 10-ти роденден ќе го прославиме сите заедно следниот 1-ви декември. Музика24 и понатаму останува посветен на музиката и на сите радости што таа со себе ги носи.

To top