Радио Милева деталите во „цеца шоу“

6 часа под тотална анестезија: Цеца Ражнатовиќ оперирана во Истанбул, а се појавија и снимки како лежи во болничкиот кревет (фото)

6 часа под тотална анестезија: Цеца Ражнатовиќ оперирана во Истанбул, а се појавија и снимки како лежи во болничкиот кревет (фото)

Во четвртата епизода од серијалот „Цеца шоу“, како најава за петтата, гледачите можеа да видат како Цеца Ражнатовиќ била однесена на операција во Турција на клиника специјализирана за нејзиниот здравствен проблем за кој се уште не открива ништо конкретно.

Фолк ѕвездата претходно објасни дека операцијата е неизбежна и ги кажа деталите за интервенцијата:

– Таму ќе останеме најмалку дванаесет дена. Докторот ми рече дека операцијата ќе трае 6 часа, дека тоа е стандард за таа интервенција. Морам да одам на таа операција, сега или за два месеци, морам. Сакам да ја решам и да се чувствувам добро во своја кожа – изјави Цеца.

Анастасија и Лидија заминале во Истанбул со Цеца на консултација со лекарот за да и дадат поддршка.

– Неколку недели пред операцијата имавме заедничка консултација во Истанбул. Имавме разговор, а после тоа одлично се забавувавме – изјави Анастасија.

– Сите беа изненадени зошто операцијата трае 6 часа и секако секогаш постои загриженост, никогаш ништо не е безопасно – изјави Лидија.

Најважно за Цеса е што беше оперирана од врвен хирург за да не има видливи последици на нејзината кожа.


Иако закрепнувањето трае долго, пејачката по две недели продолжи со работните обврски и се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“. Операцијата поминала успешно, а Цеца закрепната и во топ форма им се врати на обврстите пред камерите на „Гранд“.

фото:Цеца шоу принтскрин Блиц ТВ/ Инстаграм Цеца Ражнатовиќ

To top