Радио Милева му пркоси на времето

55-годишната актерка на мажите умот им го сврте: Хали Бери во комбинезон со безобразно длабоко деколте (ФОТО)

55-годишната актерка на мажите умот им го сврте: Хали Бери во комбинезон со безобразно длабоко деколте (ФОТО)

Актерката Хали Бери има 55 години, но сè уште важи за една од најзгодните холивудски убавици.

Таа не се двоуми да го покаже своето извајано тело на социјалните мрежи, а последните фотографии од неа ги оставија фановите без зборови, особено припадниците на машкиот пол.

Актерката позирала во сребрен комбинезон на брендот „Аmen“ кој ја истакнал нејзината фигура, но целото внимание го „украло“ длабокото деколте.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

„Животот не е совршен, но овој проклет комбинезон е“, напишала Хали во описот на фотографијата, а истото би можело да се каже и за нејзиното тело.

Но, тоа што Хали Бери и во шестата деценија плени со изгледот не е случајност, туку последица од трудот кој го вложува. Актерката редовно тренира, често објавува фотографии и снимки од тренинзи на Инстаграм, а ужива во боксот, трчањето и јогата.

Покрај тоа, оваа убавица води грижа и за исхраната. Таа во една прилика открила дека редовно јаде супа од коски и дека таа е тајната на нејзиниот младешки изглед, бидејќи истата содржи голема количина колаген. Исто така избегнува вештачки сокови, а пие лимонада и комбуха, често јаде зеленчук, но истакнува дека е важно и понекогаш да се „почестите“ со некое јадење, односно едноставно да јадете што и да ви се пријаде.

извор: karmin.tocka.com.mk

фото: инстаграм принтскрин/halleberry

To top