Промотер

Мина Блажев со „Dancing Through Life“ ќе нè претставува на детскиот Евросонг (ВИДЕО)

Мина Блажев со „Dancing Through Life“ ќе нè претставува на детскиот Евросонг (ВИДЕО)

Талентираната Мина Блажев ќе ја  претставува Македонија на годинешното јубилејно, 15-то по ред издание на детската Евровизија што ќе се одржи на 26-ти ноември во грузиската престолнина Тбилиси.

По премиерата на МРТ Ви ја претставуваме песната „Dancing Through Life“на која и овој пат комплетен автор е композиторот и продуцент Александар Масевски, а стиховите се отпеани на македонски и на англиски. Очигледно „крвта не е вода“, зашто Мина Блажев е внука на Владимир Блажев, алиас Панчо од ДНК, а на јавноста и стана позната по своите забележителни настапи на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“ каде ги собра аплаузите и ги доби сите пофалби од жирито.

Инаку, ова ќе биде 13-то учество за Македонија на оваа јуниорска верзија на „Евровизија“, а Мина ќе се натпреварува со претставниците на уште 15 земји, меѓу кои од регионот, покрај Македонија, ќе учествуваат и Албанија и Србија.

Иако Грузија по рекорден трет пат победи на фестивалот, годинава првпат ќе ја има улогата на домаќин, а манифестацијата ќе се одржи во Олимписката палата во главниот град Тбилиси. И посакуваме многу среќа на Мина и ви предлагаме да ја слушнете песната и да го погледнете видеото за неа:

To top