Денес (29.10.2021) се полнат 40 дена од смртта на српскиот текстописец Марина Туцаковиќ.
Марина почина на 19 септември по долгата и тешка борба со опасната болест. Таа во последните денови се зарази и со коронавирус и ја изгуби битката.
Погребот се одржува во кругот на блиските членови на семејството и неколку блиски пријатели меѓу кои и: Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ, Мина Костиќ, Дејан Матиќ.
На поменот кој се одржа денес, (29.10.2021) на гробот се појавија сопругот на Марина, Александар Фута Радуловиќ, синот на Марина, Милан Лача Радуловиќ.
Од естрадните уметиници се појавија: Жика и Јелена од групата „Зам“, како и Горан Стојиќевиќ Карамела.
Инаку, како што пишува телеграф.рс, познатите кои беа на погребот на Туцаковиќ не знаеле дека денес ќе има помен.
Синот на Марина, Лача претходно изјави дека 40 дена нема да дава изјави во медиумите. Како што се пишуваше, наводно текстописецот имала тетратка во која запишувала кој купил песна од неа, кој платил, а кој и е должен.