Радио Милева
дневна доза хана

3 000 следбеници за краток период: Ќерката на Тамара Тодевска доби „Инстаграм“ профил

3 000 следбеници за краток период: Ќерката на Тамара Тодевска доби „Инстаграм“ профил
фото: мартин трајановски

Македонската пејачка Тамара Тодевска е можеби една од најактивните корисници на социјалните мрежи.

Таа често објавува делови од своето секојдневие, каде е, што прави, како го поминува времето, рекламира одредени производи, но и често знае да сподели фотографии и видеа од нејзините деца, посебно Хана.

фото: принтскрин/тамара тодевска

Хана со нејзината харизма, интересни инсерти, фотографии, изјави знае да ве насмее и да ви го направи денот.

Во една прилика   пејачката истакна дека размислувала да и отвори на Хана посебен Инстаграм, но се предомислила.

Меѓутоа, таа идеја повторно ја доби деновиве, па ги праша нејзините следбеници што мисли да отвори Инстаграм профил под наслов „Дневна доза со Хана“.

Откако, повеќето фанови беа за, пејачката и направи посебен профил на својата ќерка на кој објавува интересни видеа и фотографии од нејзината наследничка.

фото: Принтскрин/инстаграм

Хана за краток период доби над 3000 следбеници, а оние кои ја следат ќе се насмеат од срце за слатките и интересни објави.

Останати вести од Радио Милева