Со својата последна песна „Гое или доле“ и особено нејзиното трогателно видео кое за помалку од еден месец собра над 600.000 прегледи на Јутјуб, ар ен би дуото ДНК испратија мошне сериозна порака за важноста на одговорното возење. Емотивните стихови допреа и до нивните помлади колеги од скопското трио „2БЕ“ кои одлучија да направат акустична верзија на оваа песна.
Покрај бројните кавер верзии на домашни и странски хитови, момците лани дебитираа и со авторската „100 песни“ потпишана од Ѓорѓи Крстевски, а познати се и по соработката со колешката Александра Јанева и минатогодишниот проект „ Summer Jam“.
Се надеваме дека наскоро ќе нè почестат со нова авторска песна, а во меѓувреме уживајте со одличната акустична преработка на „Горе или доле“!