Трап, хипхоп, аренби и регетон дуото составено од Марио Јелиќ – Кун (продуцент, артист и текстописец) и Антонио Стојановски – Тонито (артист и текстописец), или обајцата познати како „2 Бона“ песните како да ги „штанцаат“ како на фабричка лента.
По многубројните соработки и дуети со познати македонски и артисти од регионот од нивниот „ков“, момчињата од 2Бона остварија соработка и со Тајзи со кого неодамна ја промовираа нивната нова заедничка песна насловена „Југ“.
Музичка приказна која се однесува на младите кои се повеќе заминуваат од Македонија.
Ова е прва соработка на 2Бона со Тајзи и тие заедно ја создаваат и музиката и текстот на заедничката песна, додека миксот и мастерингот се на Кун и Лазар Цветковски. Видеото го реализираше можеби еден од најмладите режисери во Македонија, за кој допрва ќе се дознае и слушне, Томислав Живковиќ.
Спотот е сниман во различни градови и предели од Македонија… Железничката станица во Скопје, Марковите кули во Прилеп, Охрид, Стоби, и на неколку други локации низ нашата преубава Македонија. Во видеото освен 2Бона и Тајзи, се појавува и Гордана Винчиќ уметник која и ја има нацртано сликата која се појавува во видео спотот.
А за што поточно пеат 2Бона и Тајзи во новата песна “Југ”, проследете во продолжение: