Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска полни 49 години.
Роденденските честитки пристигнуваат во текот на целиот ден, а меѓу првите која и испрати честитка беше нејзината кума, пејачката Вики Миљковиќ.
Вики сподели фотографија на која е во прегратки со Цеца, а и двете се со насмевки на лицата.
Меѓу пристигнатите честитки и онаа од пејачката Александра Младеновиќ, Ѓорѓе Давид и многумина други, се најде и честитката од братот на Немања Гудељ, Драги кој ја нарече Цеца супер моќна жена.
Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic