Пејачката Драгана Јана Тодоровиќ повеќе од две децении е со брак со сопругот Иван со кој има ќерка.
Тие важат за еден од најскладните парови на естрада, а се запознале кога Иван имал 21 година.
Иако секојдневно уживаат во љубовта, тој никогаш не се појавува во јавноста и не сака да се експонира.
-Кога прв пат те видов, не ми се допадна, но кога почна да пее, јас се заљубив, со овие зборови и се обратил тој кога ја запознал пејачката, раскажа таа во емисијата „Сценарио“.
-Јас не бев за тоа да снимам албум, јас сакав да бидам со него, да имам деца, а тој ми кажа: „Не, ќе снимаш албум“. Плачев кога ме побара, моите сфатија дека тоа е тоа. Свадбата беше подоцна, тој документ ништо не ми значи, изјави пејачката.
-Во јавноста со години наназад се зборува и колку е богат нејзиниот сопруг со оглед на тоа дека живеат во вистински дворец кој има и сопствено езеро.
-„Најголемо богатство ми е ќерката…Мојот свекор е сопственик на дворецот. Ние сме големо семејство, а тој е еден успешен и почитуван човек. Отсекогаш сум живеала скромно, а во тој дух го воспитувам и моето дете, вели пејачката.
Јана инаку е и сопственичка на најголемите гради на естрадата, што во една прилика откри и дека нејзиниот сопруг не и давал да ги смали иако и се природни.
фото: принтскрин/инстаграм/јанатодоровиќ