Антонио Бандерас ја доби наградата за најдобар актер на годинашните награди за филм на “Hollywood Film Awards”, но не беше во центарот на вниманието на црвениот килим.
Славата ја украде неговата 23-годишна ќерка Стела, која ја доби од бракот со актерката Мелани Грифит.
Наследничката на славниот пар носеше кадифен црвен фустан за оваа пригода, истакнувајќи ја нејзината витка линија, а сите забележаа дека прерасна во вистинска дама со холивудска убавина.
Актерот на доделувањето беше со 20-годишни помладата партнерка, Никол Кимпел, со која е во врска веднаш по разводот.