Иако нејзините албуми достигнуваат вртоглави тиражи, многу помлади колешки ја претркаа пејачката Пинк која конечно ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
По две децении на музичката сцена, една од најексцентричните поп/рок пејачки, е наградена со ова престижно признание.
На свечената церемонија пејачката се појави со семејството, а во обраќањето пред присутните фанови и медиуми, Пинк се заблагодари на својот сопруг со зборовите:
-Благодарение на тебе јас сум денес тука, те сакам иако секој ден ме нервираш, кажа Пинк.
За време на обраќањето Пинк ги спомена и своите ќерки:
-Вие сте моите две ѕвезди без кои не би можела да светам, истакна Пинк.
фото:Guliver Getty Images