Се попопуларното македонско дуо „Два Бона“ имаат нова песна. И овој добропознатиот модерен трап правец не изостанал, со тоа што песната е во побавен ритам или ако така може да се нарече – трап балада.
Македонските рапери Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито овој пат отстапиле од започнатата пракса, да прават песни во дует со нивните помалку или повеќе познати колеги од кај нас и соседството, „Пиштоли и рози“ ја изведуваат сами.
Самите се и автори на музиката и стиховите, додека зад миксот и мастерот стојат Кун и Иван Иванов – Ивајо.
Разбирливо и новата тема е проследена со видеоекранизација која ја изработиле Крсте Шупев и Алек Тасевски – IMedia.
Како и во секое нивно видео и во ова за „Пиштоли и рози“ се појавува ена сексапилна, атрактивна и згодна девојка, овој пат белградскиот модел и таначарка од „Fluid dance & events “ која се потпишува под уметничкото име di.dzej.
Како звучи и изгледа кога „2 Бона“ нудат трап балада во пакет со „Пиштоли и рози“, проследете во продолжение.