Промотер

Маша се прашува – „Дали ти ќе дознаеш“? (ВИДЕО)

Маша се прашува – „Дали ти ќе дознаеш“? (ВИДЕО)

Македонската музичка сцена и тоа како е желна за  нови имиња кои ќе ја освежат и ќе создадат нешто ново и поинакво од она што сме навикнати да го слушаме и гледаме со години. Факт е дека на поп-сцената во Македонија ретки се млади артисти кои умеат да донесат  нов и модерен звук, а токму едно такво име е младата пејачка Маша.

 Маша е Русинка која веќе неколку години живее во нашата земја. Неодамна таа сними песна на македонски јазик со наслов „Дали ти ќе дознаеш“, на која како автор на музиката се потпишува Панче Касапски, стиховите ги напишал проверениот мајстор  Огнен Неделковски, а аранжманот и миксот ги изработил Лазар Цветковски. Несомнено одлична екипа за „влез“ на македонската музичка сцена. Дека е задоволна од новата песна потврди лично и Маша:

„Многу сум задоволна од тоа како звучи песната. Да бидам искрена, јас не ги познавам многу луѓето кои работаат музика во Македонија, но по консултација со неколку мои блиски пријатели, решив да ја изберам и да работам со оваа екипа. Исто така не смеам да го заборавам и режисерот на видеото, Даниел Јовески, кој направи одличен спот“ – изјави Маша.

И се разбира, прашањето кои многумина би сакале да и го постават: Зошто на Македонски јазик, а не на руски? Одоговрот на Маша е едноставен:

„Јас тука живеам, тука се образувам, го научив одлично Македонскиот јазик и немав дилеми за тоа дали да пеам на руски или на македонски“ – вели  Маша. Инаку ова е само почеток за младата пејачка. Маша планира да биде продуктивна кога е во прашање создавањето на новa музика и тоа се разбира, на македонски јазик…

А, сега проследете ја темата „Дали ти ќе дознаеш“:

To top