Радио Милева

14 – годишниот син на Вилијам Леви доживеа тешка несреќа

14 – годишниот син на Вилијам Леви доживеа тешка несреќа

14 – годишниот син на латиноамериканскиот актер Вилијам Леви и неговата сопруга Елизабет Гутиерес доживеал тешка несреќа кога ја изгубил контролата на голф возилото и се превртел.

Како што пишуваат мексиканските медиуми, несреќата се случила во недела.

„Се здоби со тешки повреди на коленото, па мораше со хеликоптер да биде префрлен во болница. Со него беа уште две девојчиња, а брзата помош веднаш ги пренесе во болница“, изјави заменикот на шерифската канцеларија во Броуард.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by William Levy / Actor Producer (@willevy) on

Момчето моментално е во болница во Флорида каде чека операција.

„Мојот син е тажен за тоа што се случи. Тој е многу загрижен за враќањето на училиште и враќањето на бејзбол теренот. Потребна му е голема поддршка во моментов. Многу се молиме за неговото брзо закрепнување и да биде што е можно побрзо “, изјави актерот Вилијам Леви, кој откри дека веќе три ноќи не може да заспие од грижа.

To top