Промотер

Татијана Стефановска од Пелистер порачува – „Си одам“ (ВИДЕО)

Татијана Стефановска од Пелистер порачува – „Си одам“ (ВИДЕО)

Татијана Стефановска конечно ги израдува своите обожователи со видеоспотот за новата песна, баладата „Си одам“, која се најде на последниот  албум „Дарој свадбарски“ на пејачката, носач на звук кој излезе во уште во фебруари мината година и веднаш ги освои симпатиите на публиката.

„Доволно долго ја чував и сега дојде времето да се сними спот за неа. Не ја форсирав, не ја промовирав, затоа што сакав да излезе комплет со видео запис. Сега се одучивме тоа да го правиме, после долги подготовки, затоа што знаеме колку треба да се има организација за да се добие комплетно видео од 3-4 минути. Овој пат на мој терен, во Битола“ – изјави неодамна Татијана.

“Си одам“ е авторско дело на композиторот Дејан Момироски кој ги напиша музиката и аранжманот, а стиховите се дело на текстописецот Борче Нечовски.

Видеото го изработи продукцијата ИН ТВ, а спотот е сниман на повеќе локации низ Битола и е во храмонија со сезоната, па во него ќе уживате во прекрасните снежни кадри снимени во Националниот парк Пелистер, но и во одличниот изглед на пејачката, која  и покрај многубројните обврски, најави и две пократки турнеи надвор од нашата земја.

Како сето тоа звучи и изгледа, проследете во видеото во продолжение:

 

To top