Промотер

На Јосиф му е важна само… -„Уште ноќва“ (ВИДЕО)

На Јосиф му е важна само… -„Уште ноќва“ (ВИДЕО)

По пауза од скоро половина година, пејачот Јосиф од „Урбан Рекордс“ се враќа со нова песна и спот. Последен негов проект беше соработката со „Два бона“ за летниот хит “Колку ти треба”, а познат е и по соработката со популарниот српски артист Михајло Веуровиќ- VOYAGE  во песната „Трапстарз“.

Дваесет и две годишниот Јосиф Ристовски кој свири на пијано, а приватно студира архитектура на „Американ Колеџ“, го промовираше спотот за песната “Само уште ноќва”.

Трап нумера на која како автор на музиката и текстот се потпишува самиот Јосиф, во продукција на „Saintlucabeats“, миксот и мастерот се стандардно на Ивајо, додека пак спотот го изработи Томислав Живковиќ.

Јосиф во него се појавува со две згодни девојки, моделите Ангела Грамосли и Бојана Секуловска. Видеото се снимаше на повеќе локации, од скопските улици до станови со девојки. Спотот претставува своевиден биланс од скопскиот ноќен живот на едно младо момче, полн со адреналин  и со девојка која е бесчувствителна и незнае ни каде тера, ниту што сака…

“Само уште ноќва, дека утре нема да те знам, покажи што знаеш”– пее Јосиф во видеото кое можете да го проследите во продолжение:

To top