Викторија (45) и Дејвид Бекам (44) се подготвуваат за гала прослава за 21-от роденден на нивниот син Бруклин, а како пишува „The Sun“, славниот пар, ќе потроши неверојатни 100,000 фунти.
Прославата е закажана за 7-ми март, три дена по датумот на раѓање на Бруклин, инаку нов фотограф кој ја гради својата кариера во САД каде живее.
Се вели дека прославата ќе се одржи во англискиот Cotswold, на имотот на семејството Бекам.
„Многу мисла и напор се вложија во големиот ден на Бруклин и тој е многу возбуден“, изјавил еден пријател на Бекам за „The Sun“.
На прославата ќе присуствуваат Кара Делавињ, Елтон Џон, Гај Ричи и, се разбира, девојката на Бруклин, Никола Пелц (25), со која Бруклин неодамна уживаше во модната недела во Париз.
Патем, Бруклин имаше инцидент во ресторан минатиот мај со неговата тогашна девојка Хана Крос.
Двојката имаше жестока расправија, а веста за скандалот што го направија во елитниот ресторан за време на Канскиот филмски фестивал наскоро ги „однесе“ светските медиуми.
Двојката беше сместена во еден од најлуксузните хотели во Кан, каде што една ноќ чини дури 3.000 фунти, но не им беше доволно да се опуштат и да се забавуваат. Расправијата се случила напладне, кога седнале во ресторан на отворено пред хотелот каде што нарачале пијалок, а потоа започнале расправија. Тие почнаа да викаат еден на друг друг и во еден момент Хана го зеде телефонот и се оттргна во бес од Бруклин.
– Минувачите биле шокирани кога виделе дека Бруклин и Хана жестоко се расправаат пред сите. Во еден момент, таа започна да плаче и да вреска и покрај тоа што беа надвор на отворено – изјавил извор за „The Sun“ во тоа време.