Дарко Митровиќ, водителот на „Менталног разгибавање“, повторно е среќен на емотивен план и ужива во љубовта со девојката Сандра Глигоријевски.
Двојката објавува заеднички романтични фотографии на социјалните мрежи, а судејќи по истите, емоциите и тоа како се на ниво.
„Црвено срце, моја Сале“, е описот на водителот на една од објавите.
„Немаш поим колку ми е драго што имаш некој покрај себе кој те почитува и сака. Само биди ни здрав, уживајте“, гласи еден од коментарите на неговите следбеници.
Потсетуваме, Митровиќ во декември 2018 година ја изгуби сопругата Снежана, со која го има синот Немања.