Мегафон

11 Години Conquering Lion во Станица 26

11 Години Conquering Lion во Станица 26

„Со огромна чест ве покануваме на нашиот 11-ти роденден кој ќе го прославиме со концертен настап во клубот Станица 26, Скопје на 5-ти (Четврток) Април 2018“ – велат во својата покана членовите на CONQUERING LION  – даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува во април 2007.

Во октомври 2009. бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како “I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната “Jah Love”. До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово. Вториот по ред албум насловен како “Know Your Wisdom” излезе на 26ти август 2011 по што следеше 30 дневна балканска турнеја. Две години подоцна на 22ри Ноември 2013 бендот го издаде третиот студиски албум “Revelation” за издавачката куќа “Password Productions” од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска турнеја. Како едни од побитните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote…Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија, Spirit Of Burgas во Бугарија…
Conquering Lion го издаваат својот 4ти по ред студиски албум насловен како “Land Of Confusion” кој беше издаден на 24ти Фебруари 2017 за издавачката куќа Locksmith Records од New Jersey, USA. “Land Of Confusion” беше номиниран за најдобар реге албум за 2017 на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”. Сите три сингла од новиот албум “Wake Up”, “Go” и “Natty Lion” беа премиерно промовирани на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”.
Моментално Conquering Lion работат на својот 5-ти по ред студиски албум. Првиот сингл од албумот ќе биде промовиран наскоро.

Како домашна поддршка ќе настапат основачите на Funky Fresh, DJ Гоце и DJ Чваре.

Влезниците ќе бидат по фиксна цена без претпродажба.

Почеток на настанот е во 23:00 часот на 5-ти април 2018, во „Станица 26 – Скопје!

To top