В петок, на сцените на плоштадот „Мајка Тереза“ и паркот „Ибни Пајко“ ќе се одржи уште едно издание на фестивалот „Звукот на Скопје“
Во рамките на овој фестивал, на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи кој сѐ уште ја бараат довербата од публиката.
Минатата година на фестивалот настапи незаменливата „Констракта“, а за оваа година исто така е подготвена возбудлива програма и за најпрефинетите музички вкусови.
На плоштадот „Мајка Тереза“, в петок во 20 часот ќе настапат „Фолтин“, „Natalee“, „Siz“ и „Кем“, додека на сцената на паркот „Ибни Пајко“ ќе настапат „Dimish#, „Zanadu“ и „Стој, После!“.
Предвиден е и Кулпарк пред КИЦ, а во продажниот салон на КИЦ ќе има изложба на фотографии.
Извор: Република.мк