Мајката на кандидатот во „Ѕвезда Гранда“, Душан Вукадиновиќ, тврди дека пејачката Снежана Ѓуришиќ, која е член на жирито, им побарала пари за да помине во следниот круг од натпреварувањето.
Имено, Душан во оваа прилика разговарал за „Блиц“ и ја раскажал својата страна на приказната. Но, ниту тој ниту неговата мајка немаат докази за овие тврдења дека Снежана им барала пари. Исто така, во пораките кои ги достави до нивната редакција се гледа дека пејачката не прочитала ниту една, додека последната преписка воопшто ниту и е стигната.
– Сè е жива вистина. Ние сме скромно семејство. Неправедно испаднав. Снежана не бараше пари од мене туку од мајка ми. Не ја знам точната бројка – изјавил Вукадиновиќ за „Блиц“, а откри дека проблемот настанал на пробата.
– Имавме проба на која требаше да избереме песни за изведување наредниот ден. Бев таму со уште тројца момци. Ги избрав песните што ги пеев таа вечер, како што знам и умеам. Снежана ми кажа дека пеам многу добро. Му ја испратив матрицата на дечкото од Гранд. Излегов да ја направам пробата, почнува матрицата, почнувам да пеам. Меѓутоа, кога почнав да пеам, видов дека нешто не е во ред, како некој да ме саботира. Се слушам, но како да не сум јас. Застанав и ја погледнав Снежана, а таа ги крена рацете и рече: „Што е ова, што правиш?“. И кажав дека не се слушам себеси и дека тоа не е мојот глас, дека изгледа како да е вклучено автоматското прилагодување. Ја прекинувам таа проба и кажав дека нема да пеам – истакнал за Блиц.
Вукадиновиќ нагласува дека Снежана првично го пофалила, но дека вториот ден не му се допаднала.
– Бев видно разочаран, но се надевав дека ќе ме поправат кога ќе се снима емисијата. Се најдобро мислам и се надевам дека не е местенка. Се подготвивме да се сликаме пред настапот. Одам да го завршам тоа но, доаѓа дечкото и ме прашува каде е мајка ми, дека ја бара Снежана Ѓуришиќ. Се прашувам зошто ја бара мајка ми. Влегувам во ходникот до бекстејџот и ги гледам мајка ми и Снежана клекнати. Снежана и вика на мајка ми и јас ја прашувам „Што е ова“, а Снежана се врти кон мене и вели дека треба да излезам и дека не ми е местото овде. Вукадиновиќ ја послушал неговата менторка и ја почекал мајка си надвор.
Настапот на Душан заврши, а како што вели тој продолжува понатаму , бидејќи е задоволен од неговиот настап.
Фото: Принтскрин/Јутјуб/Ѕвездите на Гранд/Мгазин Ин Тв Пинк