Алпинистката и уметница Илина Арсова, позната и како екс- девојката на шоуменот Игор Џамбазов, се врати во Македонија со повод.
Имено, неодамна се одржа промоцијата со која веќе освојува нови врвови со нејзината сликовница наменета за најмалите насловена „Највисокиот врв“.
Па така, за таа цел поранешната партнерка на Џамбазов кој и купи куфер со кој таа замина преку океанот каде започна да работи како професорка на Универзитетот Тенеси сега по долго време конечно за првпат реши да се врати дома и веројатно зажали.
Откако Илина замина од Македонија таа со своите фанови не престана да контактира преку социјалните мрежи, а за нив редовно подготвуваше и споделуваше фитнес видеа од нејзиниот активен живот.
View this post on Instagram
Сепак, сега кога се врати, повторно се соочи со напнатоста која е секојдневен дел од овдешниот сообраќај, нешто што веројатно како и на многумина така и нејзе многу и пречи.
Таа сподели фотографија од метежот за која напиша и малку подолг опис кој голем дел беше во прашална форма, а потоа објасни и по што се гледа културата на еден народ:
„Зошто толку силеџиство, толку свирење и нетрпение? Каде ќе стигнете порано? По сообраќајот се гледа културата на еден народ“.
Но, за познатата планинарка овој проблем не е само на Балканот, туку и во Америка и се јави револт со истиот интензитет.
Па така за потсетување, таа еднаш напиша:
-Жал ми е што ќе го кажам ова, но колеџ студентите се лоши во возење… Честитки за неколку исклучоци, но генерално се разгалени деца со големи модерни автомобили кои се паркираат на пешачки премин, се ставаат пред велосипеди и пешаци и баш им е гајле за тоа… се почувствував дека повторно сум на Балканот, револирана беше Илина.
Без разлика каде и да е низ светот, веројатно секогаш ќе има и ќе владеат вакви непријатности. Сообраќајната (не)културата некако сѐ повеќе доминира, а нервозата кулминира.
Фото: Printskrin/Instagram/ilina_arsova