Не поминаа ниту два-три дена од венчавката на деценијата откако српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ го женеше својот син Вељко, а чаршијата веќе наголемо (оз)зборува како и зошто балканската фолк кралица Лепа Брена не дошла на свадбата кај Цеца.
Иако тие двете интензивно не се дружат, сепак комуницираат и обете зборуваа за нивното меѓусебно децениско пријателство. Сепак, Брена не дојде на свадбата на синот на Цеца, туку замина во Монако само неколку часа пред свадбата.
Така, Брена умешно избегна да се појави на свадбената прослава организирана од Цеца за нејзиниот син, но затоа Аца Лукас, кој со Брена е во војна, се веселел како како ова да му е не дај Боже, последната свадба на која присуствува во неговиот живот.
Една од теорите вели дека Брена не била ни поканета на свадбата, додекаа други коментираат дека не дошла, затоа што ниту Цеца не била на свадбата на Филип и Пријовиќ.