Пејачката Зорица Брунцлик сама се појави на новогодишно снимање, па многумина беа изненадени бидејќи со неа не се појави сопругот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш.
Таа откри дека Кемиш не се појавил бидејќи е болен.
„Мојот сопруг се разболе, внуката му пренесе детски вирус. И нејзините мајка и татко се болни, се молам и јас да не се разболам за Нова година. Имавме закажано новогодишно снимање, се јави да го откаже, не може да зборува, па јас му реков: „Човече, напиши порака, едвај зборуваш“, изјави Брунцик и додаде дека се надева дека брзо ќе оздрави.
фото: антонио ахел/ата имагес