Радио Милева
од брогерка до старлета

Зоранах ги смени имплантите во градите па фановите и порачаа: „Градите ти се како балони од пет литри, личиш на Сораја“ (фото)

Зоранах ги смени имплантите во градите па фановите и порачаа:  „Градите ти се како балони од пет литри, личиш на Сораја“ (фото)

Познатата српска блогерка Зоранах го покажа своето тело во костим за капење, но силиконските гради едвај ги собра во горниот дел.

Блогерката Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, летово го поминува на различни дестинации и максимално ужива во морето и сонцето, без оглед на разните критики.

По нејзиниот омилен Миконос, на ред дојде црногорското приморје, каде таа се соблече во бикини и гордо ги покажа своите атрибути, но и предизвика лавина коментари поради силиконските гради.

Зорана често е мета на критики поради нејзините објави, а многумина и велат дека сега личи на Сораја, откако ги зголеми градите и потоа ги „доработувала“.

„Од блогерка до реалити старлета од ниска класа. Што си направила, жено? Зошто ваков изглед?“, „Градите како балони од пет литри. Потсетуваат на Сораја“, „Малку си претерала“, се само дел од коментарите.

Зоранах ги смени имплантите во градите за што јавно проговори и објасни дека не и се допаѓа празнината што ја има меѓу градите и дека таа е виновна за тоа , па морала да ги зголеми.

“Само сакав мали, тркалезни гради кои горе стојат цврсто. Како што можете да видите, моите гради се многу природни, многу меки, не можете ни да кажете дека имам импланти и тоа е одлично за некој кој сака природно. Сепак, јас никогаш не го сакав тоа и буквално ја направив таа операција за да имам гради што стојат“, рече тогаш таа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/zorannah

Останати вести од Радио Милева