Радио Милева позната невеста

Зоран Заев на свадба: Бившата македонска ракометарка Ива Стојковска „рипна во тавче“, премиерот меѓу гостите (ФОТО)

Зоран Заев на свадба: Бившата македонска ракометарка Ива Стојковска „рипна во тавче“, премиерот меѓу гостите  (ФОТО)

Поранешната македонска ракометарка Ива Стојковска, во саботата, 1409.2019 г.  се омажи за струмичанецот Даниел Пројковски со кого беше неколку години во љубовна врска.

Ива Стојковска е позната како некогашна македонска ракометарка (Еуростандард Ѓорче Петров,  Кометал Ѓорче Петров, ЖРК Вардар и Приштина) која дури го облече и репрезентативниот дрес. Но набргу потоа  се откажа од активното играње, останувајќи во ракометот како спортски директор на женската екипа на ЦЕМС.

Таа инаку е сестра на Ана Стојковска, која  на јавноста и стана позната откако во јуни годинава се омажи за естрадниот менаџер Кристијан Стефановски – Кико.

Сестрите се познати потоа што се симпатизери, активисти и блиски поддржувачи на владеачката партија.

Нивните профили ги красат меѓу сите останати фотографии со познати личности и селфи фотографиите со лидерот на СДС и македонски премиер, Зоран Заев, кој бил лично присутен и на свадбата на поранешната ракометарка.

 

 

 

Инаку свадбената веселба се одржала во еден познат ресторан во Струмица, а на неа присуствувале нивните најблиски другари, пријатели, роднини, но и  лица од јавниот живот.

 

To top