Мегафон

Зоран Кесиќ премиерно во Скопје со нeверојатна приредба – „Приказни и песни“

Зоран Кесиќ премиерно во Скопје со нeверојатна приредба – „Приказни и песни“

Таксират Фестивал во соработка со „Скопје Комеди“ повторно најавуваат неверојатно шоу во Скопје, овој пат на можеби најпопуларниот ТВ водител во регионот – харизматичниот Зоран Кесиќ. На 24 април во Македонска филармонија, Кесиќ премиерно ќе настапи со неговата приредба „Приказни и песни“ која изминатите 6 години има патувано на 3 континенти со повеќе од 50 изведби.

Зошто приказни и песни? Затоа што Зоран Кесиќ зборува и пее.

Зошто приредба? Затоа што „Приказни и песни“ е малку стенд-ап, малку претстава, малку прес-конференција, малку музички концерт, малку основачко собрание – значи приредба.

Зошто е таа неверојатна? Затоа што ниту една претстава не е иста, во целовечерната изведба тој разговара и пее за безброј разновидни теми од политика до медитација. Секоја е обоена според местото на изведбата, моменталниот амбиент и моменталното расположение на изведувачот, и секој е единствен настан кој во таа форма ќе се случи тогаш и никогаш повеќе.

Зоран Кесиќ е српски комичар, политички коментатор, ТВ водител и новинар кој е добро познат во Македонија и регионот. Тој е автор на популарните хумористични емисии „Озбиљне вести“, „Дезинформатор“, „Фајронт република“ и на политичката сатира и воедно најгледаната забавна емисија во Србија  која оди на ТВ Нова(с) – „24 минути“.

Скопје е резервиран само за една изведба на „Приказни и песни“ и нема да има реприза, билетите се веќе во продажба онлајн и во продажните места на „Мктикетс“.

To top