Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми. Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.
Народот вели кој нема среќа во работата има во љубовта. Зоки – „Фаци“ секојдневно можете да гио видите што по скопските локали, што на социјалните мрежи, како гушка и бакнува прекрасни убавици. Некој ќе рече девојките сами му се лепат на „харизматичниот“ водител… Сепак, не е баш така, зашто со сите тие „цуци“ како што ги вика, „Фаци“ е само близок пријател.
Неговите најверни другарчиња неодамна реши самиот да ги претстави во видеото кое кружи по Интернет. Зоки – Фаци му кажа „НЕ“ на расизмот, па водителот на екс „1ТВ“ ја запозна јавноста со своите црно-бели пријателчиња. Едниот од Африка, другиот со нордиски пропорции, да ти бил „Викинг“, како што самиот Зоки кажува.
Видеото е всушност рекламно и е еден вид маркетинг за одредени „деликатни“ прозводи за многу „специфична намена“, кои ги има во најпознатата продавница за „играчки за возрасни“ во Македонија. Всушност Зоки е добар пријател и со сопствениците и со персоналот, па затоа Фаци е и чест гостин во „алеата на задоволствата“ каде го искористија присуството и популарноста на водителот на „Ексклузив“ да ги изрекламира нивните, барем според пропорциите, „ексклузивни“ производи…
За да Ви биде појасно, погледнете го видеото, но со предупредување: Само ако имате повеќе од 18 години!
View this post on Instagram
Коментарот е ваш‼️ Очигледно успешна реклама ? @valijantofficial #sexshop #sex