Радио Милева сто пати кажано-еднаш покажано

Зои Блаж во пет чекори му ја покажа иднината на саканиот: Дете на тете, за… „сети се зете“!

Зои Блаж во пет чекори му ја покажа иднината на саканиот: Дете на тете, за… „сети се зете“!

Пејачката Зорица Блажева или Зои Блаж како што и е уметничкото име оддамна не е активна. Од музиката и пеењето се префрли на шминкањето, па ако нема нови песни, не значи дека нема нови фотографии и фотосесии.

Како што е познато Зои е во неколкугодишна врска со ракометарот Тадеј Матијашиќ, па по се изгледа поведена од старата максима: „(Пре)долгите врски ја убиваат љубовта“, шминкерката и екс пејачка реши дискретно да го потсети својот сакан „колку е саатот“… Или што би рекле дека полека чукнува часот на одлука.

Бидејќи е лето и жештините сите не тераат под сенка или во вода, за да размислува со ладна глава, Зои прво го одведе во базенот каде  разменија малку нежности…

Потоа се подразголе, па така раскомотени обајцата само по гаќи(чки), прво му покажа што би сакала…

…Бистрото момче веднаш ја свати пораката, па возврати на ист начин, само што предтходно ги сменија местата. Тадеј има крупна шака, а и ракометарот добро знае како се држи топка со една рака… Отприлика тие се димензиите… На ракометната топка, се разбира!

Ама она што можеби се’ уште не го разбира или така му чини, е што сака Зои да му каже кога се нејзините планови за блиска иднина во прашање. Затоа  пејачката се реши за старата добра метода: „Еднаш покажано – како сто пати кажано“,  па напомош ја повика сестра и нејзиното детенце, односно внучето на Зои!

„Дете на тете, за… сети се зете“– така отприлика би гласела пораката! Па ако ја сфатил – ја сфатил, ако не… Дај друго дете!

Впрочем, за да му биде појасно: Се’ започнува со еден бакнеж, а завршува… отприлика вака!

Она што следува потоа е само дополнителна демонстрација на „женска љубов“ кон саканиот… Епа, мисли му ја „зете“!

To top