Зое Кравиц, убавата ќерка на пејачот Лени Кравиц и актерката Лиза Бонет, ги израдува обожавателите со секси фотографии на Инстаграм.
На фотографијата, Зое има праска во устата и ги покрива градите со рацете исцртани со мистични тетоважи.
Ова не е нејзина прва гола фотографија, зашто ќерката на славните родители објави слична во септември, годинава.
Неодамна е откриено дека младата актерка, која неодоливо потсетува на својата позната мајка, ќе ја отелотвори „Жената – мачка“ во новото продолжение на популарната франшиза за човекот-лилјак, со тоа што Роберт Патинсон ќе го глуми Бетмен.