Првата сезона на познатото реално шоу „Големиот брат“ беше прикажана во Холандија во септември 1999 година, додека овој формат овде пристигна малку подоцна, во 2006 година кај нас во регионот.
Прв победник во Србија беше Иван Љуба, а следната година беше прикажана ВИП сезоната во која победи поранешниот фудбалер Саша Ќурчиќ. Големиот брат се прикажуваше до 2015 година, а последен победник беше нашиот Дарко Петковски, попознат како Дарко-Спејко, подоцна моден блогер, инфлуенсер, трапер, директор на КК Куманово, денес советник во истата општина.
Покарај сите случувања во ова ријалити, отсекогаш беше интригантно од прашањето кој се крие зад мутираниот непрепознатлив глас што им се обраќа на учесниците преку разгласот. Едни велеа продуцентот, други, режисерот, трети сопственикот на продукцијата, четврти дека е некој познат актер…
Сепак, дури неодамна познатата српска водителка откри дека токму таа му го „позајмувала“ својот глас на Големиот брат, што ја разбуди фантазијата на жените низ Србија и регионот.
„Бев уредник и смислував задачи за натпреварувачите, а тоа што никој не го знаеше е дека и самата сум Голем брат!
Во тоа време, многу учесници во реалното шоу беа заљубени во мене. Мислеа дека сум маж и дури кога излегоа од Големиот брат сфатија дека ги заведе, а неретко и зафркна жена“ – изјави водителката Душица Јаковљевиќ откривајќи ја големата тајна на ова познато и гледано ријалити.
Фото: Инстаграм принтскрин/spejko/dusicajakovljevic