Со Викса (Виктор Петров) беа „совршена двојка“… Радиоводителска, се разбира. Најпрвин „Сити радио“, пото на „Радио Слободна Македонија“… Потоа секој по својот пат. Викса назад во „Сити“, а таа по годините минати во „Телма“, сега е во „Сител“., на утринската програма.
Елена Стојановска, од мало слатко девојченце во музичките емисии во кои ги водеше кон крајот на 90-ите до зрела жена и една од најгледаните и најбарани ТВ водителки кај нас.
Утринската на „Сител“ – „Ја сакам Македонија“ без неа и уредникот и водител, колегата Александар Блажевски би била само „потрошено време“ на телевизија.
Но Елена не е само збролеста, разговорлива, шармантна и „речита“ на телевизија. нејзината убавина и изразениот сексапил малкумина го знаат приватно. Сепак, од она што може да се види и дознае од социјалните мрежи, шармантната ТВ водителка е подеднакво атрактивна и приватно.
Можеби ѓаволот носи Прада, ама не само тој. „Ѓаволестата“ водителка , подеднакво атрактиивно, привлечно и секси изгледа облечена во црн едноделен костим за капење токму од истиот бренд.
Како што нејзината убавина и сексапил доминираат во шумата од бамбусови трски. Зелената боја велат ги одмора очите, но она што е во преден план, во случајов сексапилната ги полни… будејќи ги сите сетила!
При тоа Елена Стојановска е и посветена и предана мајка на нејзината ќеркичка Илина која и е „се’ во животот“! Тогаш логично времето поминато со неа е бесценето. А професија како што е новинарската не остава премногу простор и време, па затоа на Елена Стојановска омилен збор и е… „Распуст“. Точка!