Радио Милева претскажување...

Знаела дека ќе почине – ова е последниот твит на Мира Фурлан: „Ги гледам ѕвездите, јасна ноќ е и Млечниот пат изгледа толку близу… одам таму наскоро“

Знаела дека ќе почине – ова е последниот твит на Мира Фурлан: „Ги гледам ѕвездите, јасна ноќ е и Млечниот пат изгледа толку близу… одам таму наскоро“

Легендарната и една од најубавите југословенски актерки, Мира Фурлан почина на 66-годишна возраст, објавено е на нејзиниот официјален профил на Твитер, на кој пред да почина, оставила претскажувачка порака. Последен твит во кој напишала дека знае дека заминува… засекогаш… Таму некаде горе, меѓу ѕвездите!

„Ги гледам ѕвездите.Јасна ноќ е и Млечниот пат изгледа толку близу.Одам таму наскоро.Сите сме материја од ѕвездите. Одеднаш се сеќавам на зборовите на Делин од сценариото на Џо.Не е тоа толку лошо.Не се плашам.Во меѓувреме, дозволете ми да ги затворам очите и да ја почувствувам убавината околу мене.И да вдишам, под темното небо полно со sвезди. Вдишам.Издишам.Тоа е сè “, гласи нејзиниот последен твит.

Мира Фурлан е родена во 1955 година во Загреб, каде што завршила основно училиште, а потоа и гимназија.На 22 години дипломирала на академијата.Во последниве години живееше во САД каде играше и бројни улоги, а една од најпознатите е во телевизиската серија научно-фантастична „Вавилон 5“.Во кариерата има бројни забележителни улоги, како оние во филмовите: „Татко на службено патување“, „Убавината на порокот“, „Киклопи“ …

Причината за смртта на Фурлан сè уште официјално не е позната, иако од извори блиски до семејството, актерката веќе подолго време боледувала од вирусот на Западен Нил кој и го пренел заразен комарец. Поради сериозноста на болеста, последните неколку месеци ги помина во тешка состојба, борејќи се за својот живот. Иако и била укажана најдобра можна нега во една американска болница, болеста за жал била посилна.

To top