Манифестација се одржува на 21 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“. Ова е 22 издание на Бубамарата. Од тимот на Бубамара потсетуваат:
„Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на манифестацијата“. Па велат да се предадеме, на музика, смеа и работа, откако се оддадовме на – на лажење, крадење и неверства. „Како народ што си го бара своето, ќе ве чекаме со камшик и шик – пик – миг, па заедно со игра, песна и насмевки да ги поздравиме нашите најголеми уметници. Ве молиме – немојте да бојкотирате, блокирате, манипулирате или да бегате – за сите вас има по едно „седиште“ во седиштето на Златна бубамара на популарноста.