Радио Милева фабрика за таленти

Златан има решение за развојот на фудбалот во САД: „Да не бев женет, Америка ќе вриеше од идни фудбалски таленти“!

Златан има решение за развојот на фудбалот во САД: „Да не бев женет, Америка ќе вриеше од идни фудбалски таленти“!

Како и што се очекуваше, Златан Ибрахимовиќ  веднаш стана вистински хит во Америка. Тој е секојдневно гостин во најгледаните и најслушани ТВ и радио емисии, од ден на ден неговата популарност низ Атлантикот се повеќе расте.

Неговото  гостување во радио-шоуто на Дан Патрик ги насмеа фудбалските  навивачи низ целиот свет.

На прашањето на водителот: „Знае ли што треба да се направи за развојот на фудбалот во Америка“? – Ибрахимовиќ рече дека знае како би придонел за развојот на фудбалот во САД, ама има еден проблем…

„Имам жена, имам две деца …  Да бев слободен,  Америка ќе имаше идни фудбалски таленти. Но, извинете, јас сум посветен на мојата сопруга и децата“ – изјави Ибра.

To top