Животот на Златан Ибрахимовиќ воопшто не беше лесен. На рана возраст го загубил братот кој починал од леукемија. Погоден од голема семејна трагедија, подоцна несебично им пружи поддршка на луѓето кои се соочуваат со истиот здравствен проблем.
Така, славниот фудбалер беше крајно погоден од веста дека неговиот пријател, сега покојниот Синиша Михајловиќ се бори со леукемија.
– Кога слушнав, немав сила да го свртам неговиот број. Му се јавив неколку дена подоцна, но не можев да зборувам. На крајот ме увери дека се’ ќе биде како што треба. Тоа беше посебно искуство бидејќи тоа обично им го правам на другите – изјави тогаш Ибрахимовиќ.
Златан неодамна повторно се соочи со слично искуство, дури и заплака кога се приклучи во емисија за поддршка на познатиот холандски новинар Тијс Слегерс, кој долго време се лекува од рак на крвта. Тие се запознале додека Ибрахимовиќ настапувал за Ајакс.
– Тоа секогаш ќе го паметам. Тој беше мојот единствен пријател во Холандија, кога бев изгубен, млад, збунет и мислев дека немам никој. Во тоа време новинарите не ми беа пријатели, а потоа се појави тој. Ме покани, набрзо се сретнавме на ручек и станавме многу добри. Заедно игравме тенис, се дружевме, многу ми помогна објаснувајќи ми како функционираат работите во Холандија. За Тијс пишував и во мојата книга, за се’ ќе му бидам вечно благодарен – изјави Ибрахимовиќ.
Златан потоа се расплака, а емотивно реагираше и Слегерс.
– Тој секогаш беше во моето срце. Тијс, единственото нешто што сакам да ти кажам сега е дека те сакам пријателе.
фото:Profimedia/ printskrin Youtube