Радио Милева

Злата Петровиќ: „Ако Киа Коцкар и Луна Ѓогани се пејачки, јас сум хирург“

Злата Петровиќ: „Ако Киа Коцкар и Луна Ѓогани се пејачки, јас сум хирург“

Популарната пејачка Злата Петровиќ неодамна доби награда за придонес на домашната музичка сцена, а како истакнат уметник ги прокоментира и новопечените пејачки како Луна Ѓогани и Злата Петровиќ.

Злата истакна дека во својата 40 годишна кариера немала никаква кавга со нејзините колешки.

фото: Принтскрин/пинк.рс

„Доколку ме пронајде еден колега или колешка со кого сум скарена, слободно му кажете дека сум грешна. Секогаш го почитував туѓиот живот и работа. Гордоста е проблем во оваа работа, а за секој има место под ова сонце“ вели Злата.

На прашањето што мисли за Кристина Коцкар и Луна Ѓогани, таа вели:

фото: масанори јошида

„Гледам дека секој има право да прави што сака. Се менуваат генерациите, немам проблем со тоа, доѓааат нови, ама…Секогаш постои тоа „ама“. Што ќе биде ако јас отидам во болница  и кажам: „Јас сакам да бидам хирург, лекар“. Секако, тоа никој не би ми дозволил. Готвачите се занимаваат со готвење, докторите со лекување, а секој започна да се занимава со пеење. Ако тие се пејачки, јас сум хирург“ изјави Злата и додава:

„Времето покажува кој колку ќе трае. Реалити ѕвездите доколку не понудат нешто квалитетно ќе бидат заборавени. Денес, никој не може да парира на еден Здравко Чолиќ или на починатиот Шабан Шаулиќ. Тој остана да живее со својот лик и дело. Е таквите луѓе и нивната музика се квалитет“ вели пејачката.

To top