Радио Милева

Жизел Бундшен откри зошто ги напуштила „Ангелите на Викторија Сикрет“

Жизел Бундшен откри зошто ги напуштила „Ангелите на Викторија Сикрет“

Бразилскиот топ модел Жизел Бундшен беше еден од главните модели на „Ангелите на Викторија Сикрет“  меѓу 1999 и 2006 година.

Додека многумина од манекенките сонуваат да бидат дел од „Ангелите на Викторија Сикрет“, најплатениот модел одлучи да ги напушти, а сега првпат прозбори зошто го направи тоа.

„Првите пет години се чувствував убаво додека шетав во долна облека по модната писта, а како поминуваше време ми беше непријатно кога ќе ме фотографираа во бикини или танга“ откри Жизел и додава:

„Барав било што за да бидам покриена“ напиша манекенката во својата книга.

Моментот кога ја прекина соработката беше во 2006 година кога во една чаша имаше ливче со „да“ или „не“ и таа го извлече „не“ и тоа беше крај на нејзината кариера како „Ангел на Викторија Сикрет“.

To top