Важат за еден од најскладните двојки на српската естрада, а малку кој знае кој ја почнал нивната голема љубов. Првиот бакнеж им се случил во комбе, а потоа биле сигурни дека ќе се венчаат. Александар Илиќ и Билјана Јевтиќ често ги гледаме заедно, а нивната љубовна приказна и тоа како е интересна. Откако меѓу нив се родиле емоции, покрај љубомората и ситните кавги, Билјана го чекала Аца да се врати од војска за да се венчаат. Имено, за нивниот брак е заслужен Стјепан Радовановиќ кој одлучил да направи турнеја, на која овој музички пар се зближува.
-Тоа беше љубов на прв поглед. Се сеќавам дека во друштвото беше покојната радмила Тодоровиќ која првпат ја забележав, признава Аца.
-Потоа постојано се гледавме на настапи и беше јасно дека меѓу нас постои нешто повеќе од обично познанство. Меѓутоа, животот не однесе на различни страни се до јануари 1986 година кога повторно се сретнавме на турнеја во Ниш. Родниот град на Билјана. По две недели почнавме да се забавуваме и од тогаш сме неразделни, вели пејачот за „Глори“.
Првиот бакнеж се случи во комбе, а тие не кријат дека почетокот на нивната љубов ја обележала љубомора.
View this post on Instagram
-Се сеќавам седевме на првото седиште во комбето и разменувавме нежности. Малку се каравме и бевме љубоморни еден на друг, а сите тие ситни кавги денес се зад нас. Првиот тест на нашата љубов беше кога 10 месеци го чекав Александар да се врати од војска. Не знам како издржав, но тогаш сфатив дека во животот се може се, само ако желбата е голема, вели Билјана за „Глорија“.